ЧУДНО НО ВИСТИНИТО

Борусија има бизарна причина да навива Германија да испадне рано од СП

Причина за тоа се парите кои „милионерите“ ќе ги добијат од играњето на Матс Хумелс

објавено: 12 јуни 2018 - 10:00

Борусија Дортмунд може да навива Германија да биде рано елиминирана од Светското првенство во Русија, само за да добие 556 евра. Како што е познато, ФИФА во последниве осум години ги наградува клубовите кои даваат свои играчи на Мундијалот. 

Пресметките покажуваат дека германските екипи имаат загарантирни 13,5 милиони евра од ФИФА. Баерн Минхен ќе заработи најмногу, а потоа следува Борусија Дортмунд. Интересно е тоа што ако Германија испадне од Мундијалот до 5 јули, Борусија Дортмунд ќе добие 556 евра за учеството на Матс Хумелс кој сега е играч на Баерн Минхен.

Доколку Германија продолжи во борба за медал, Борусија ќе остане без тие 556 евра, а сите пари за учеството на Хумелс на Мундијалот, ќе завршат на сметката на Баерн Минхен. 

Најново во Меѓународен Фудбал