НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА СО ТЕРИМ, ХРВАТОТ Е ВО ПОЛ-ПОЗИЦИЈА

БОСНА ГО МАМИ „ЖУТИ" – Просинечки поблиску до дома?

Роберт Просинечки е главен кандидат за местото на селектор на фудбалската селекција на БиХ...

објавено: 14 декември 2017 - 21:50

„Високо рангиран функционер" во Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, потврдил вест според која Роберт Просинечки е главен кандидат за упразнетото селекторско место во овој национален тим, објација од телевизијата Н1.

Претходно, како еден од кандидатите беше споменуван и турскиот стручњак, Фатих Терим, но до договор не дојде затоа што харизматичниот тренер имал превисоки финансиски барања.
Според наводите на Н1, сега синокосиот Хрват е во пол-озиција да го замени Мехмед Баждаревиќ на таа селекторска позиција.
И тоа најмногу поради форсирањето на еден офанзивен стил на игра кој се вклопува во концепцијата која ја подржува ФС на БиХ.
После доста успешната играчка кариера, „Жути" прво беше асистент во репрезентацијата на Хрватска, потоа и тренер на белградска Црвена Звезда, на турскиот Кајзери, а последните три сезони ги помина како селектор на Азербејџан.

 

Најново во Меѓународен Фудбал