„КАРИОКИТЕ“ ПРЕД 16 ГОДИНИ СЕ ИСКАЧИЈА НА ТРОНОТ

Бразил мора до светската титула, но „Ел Феномено“ има уште еден фаворит!

Легендарниот Роналдо вели дека сегашниот тим на Тите е многу посилен од генерацијата во 2002 год. кога „кариоките" ја освоија својата петтата титула на Мундијалот во Јужна Кореја и Јапонија.

објавено: 13 јуни 2018 - 17:45

„Време е Бразил повторно да биде светски шампион. Убеден сум дека составот ќе даде се од себе и дека ќе дојде дома со трофејот", изјави Роналдо пред медиумите во Москва.

Познат и како „Ел Феномено" коментираше и за најголемите ривали на „кариоките" во борбата за тронот.

„Германија за мене е прв фаворит покрај Бразил. Тие се секогаш силни. Ќе ги додадам уште Шпанците, а како што се ближи крајот на турнирот незгодни можат да бидат и селекциите на Аргентина и Франција. Но, мислам дека Бразил е главен фаворит и дека сегашниот состав предводен од Тите е можеби и посилен од оној нашиот во 2002 година".

41-годишниот Роналдо кој за репрезентацијата имаше 98 натпревари и 62 голови, го спомна и својот наследник Нејмар.

„Тој е подготвен и е нашата најголема надеж. Се надевам дека ќе биде најдобар стрелец и ќе биде клуч во освојувањето на шестата титула светски шампион. Цела земја верува во тоа".

Бразилците се наоѓаат во групата Е заедно со селекциите на Србија, Швајцарија и Костарика.

Најново во Меѓународен Фудбал