КАПИТЕНОТ НА „КАРИОКИТЕ“ ПОВТОРНО Е НА ТЕРЕН

Бразил се радува! Нејмар повторно тренира

Предводникот на националниот тим се вклучи на подготовките за Мундијалот

објавено: 23 мај 2018 - 13:15

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар повторно е на фудбалскиот терен и тренира со националниот состав. Капитенот на „кариоките“ во февруари се повреди и мораше да оди на операција.

Дури беше неизвесно дали ќе може да закрепне до почетокот на Светското првенство во Русија, но се покажа дека сега, на 20-тина дена до почетокот на Мундијалот, Нејмар ќе биде подготвен. 

Бразил е еден од главните фаворити за трофејот, а играта на петкратниот светски првак во многу нешта ќе зависи од формата на Нејмар. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал