ЛЕГЕНДАРНИОТ ИТАЛИЈАНСКИ ГОЛМАН МОЖЕ ДА ДОБИЕ НОВА ФУНКЦИЈА

Буфон може да влезе во политиката, го предлагаат за министер

Рекордерот по бројот на настапи кај „аѕурите“ има своја омилена партија во Италија

објавено: 12 октомври 2017 - 15:35

Политичарот и писател Виторио Сгарби даде предлог, Рекордерот по бројот на настапи кај „аѕурите", Џанлуиџи Буфон да биде министер за спорт во Италија. 

„Ако ние победиме на изборите, Буфон ќе биде министер за спорт во земјата. Џанлуиџи е докажан човек, кој дал многу за Италија, а во најскоро време ќе ја заврши кариерата. Тој многу се интересира за политиката. Нашата платформа му е многу интересна. Лично тој ми пиша дека му се допаѓа нашата програма“, вели Сгарби, кој е лидер на новата политичка партија „Преродба“, која засега нема многу голема поддршка во земјата.

Буфон сезоната е фокусиран на одбрана на титулите со Јувентус, а со италијанската репрезентација, преку бараж средбите, да се пласира на завршницата на Светското првенство кое во 2018 година ќе биде во Русија. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал