ТУРСКИОТ ПРВОЛИГАШ ЌЕ ИМА НОВ ТРЕНЕР

Бурса го сака поранешниот македонски селектор за тренер

Турскиот тим во сериозни преговори со наш селектор кој што цели три години беше на клупата на Македонија

објавено: 20 мај 2018 - 12:30

Поранешниот македонски селектор Среќко Катанец, е најсериозен кандидат за превземање на клупата на турскиот Бурсаспор. 

Турците се во сериозно преговори со Катанец кој што е без работа по оставката од клупата на Словенија по неуспешните квалификации за пласман на Мундијалот во Русија. 

Среќко Катанец не водел клуб цели 15 години, откако беше дел од Олимпијакос, а после тоа главно беше селектор на Македонија, ОАЕ и повторно на Словенија која што беше на праг да обезбеди пласман на Светското првенство. 

Бурсаспор остана без тренер по отказот на францускиот стручњак Пол ле Гвен. 

Најново во Меѓународен Фудбал