„СТАРАТА ДАМА“ ЗНАЕ ДА ПАЗАРИ

ЦАРЕВИ НА БЕСПЛАТНИ ТРАНСФЕРИ: „Дрим-тимот“ на Јувентус! (Фото)

Далечната 2010. година кога Јуве го освои седмото место значеше „аларм" за сериозни промени во клубот. Така, на местото спортски директор дојде Џузепе Марота како наследник на Жан Клод Бланко.

објавено: 23 јуни 2018 - 22:15

Во првата сезона од доаѓањето на Марота, Јуве го повтори седмото место во првенството после што следуваше лето на пресврти. Марота ги ангажираше Артуро Видал, Стефан Лихштајнер, Симоне Пепе, Мирко Вучиниќ и други.

Но, она што треба особено да се истакне, е секако доведувањето на Андреа Пирло кој пристигна како слободен играч без плаќање на отштета. Токму Пирло беше „мозокот" на екипата која стана незапирлива сила во Италија, а воедно ја одведе и до финалето во Лигата на шампионите.

Според истиот принцип беше ангажиран и легендарниот напаѓач Лука Тони, со секој нов преоден рок, Марота импресионираше со потпишување на врвни играчи после истекот на нивните договори.

Беше завршена одлична задача со Пол Погба кој едноставно беше „технолошки вишок" во Манчестер Јунајтед. Само четири години подоцна „црвените ѓаволи" сфатија каква грешка направиле.

Дури 105 милиони евра инкасираше Јуве од продажбата на францускиот интернационалец, а Марота со овој потег потврди дека е еден од најдобрите спортски директори на денешницата.

Последното во низа бесплатни засилувања доаѓа од Ливерпул. Емре Џан кој може да игра како стопер, изминатиот период одбиваше да продолжи со тимот од „Енфилд". После овој потпис, Марота комплетираше еден фантастичен состав во кој скоро ништо не е вложено. 10 фудбалери доведени бесплатно, единствено за Андреа Барѕаљи беа платени „само" 300.000 илјади евра. Заслужува големо признание за сето она што го направи Марота во последните седум години.

Најново во Меѓународен Фудбал