ПО НЕВЕРОЈАТНИОТ НЕУСПЕХ НА „АЅУРИТЕ“

Цела Италија плаче: „Апокалипса“, „Смрт во Милано“...

„Аѕурите“ по пауза од 60 години, за прв пат нема да бидат дел од едно светско првенство

објавено: 14 ноември 2017 - 10:20

Во двата меча против Шведска, Италија не даде ниту еден гол, а така не може да се биде дел од најдобрите селекции. По пауза од 60 години, „аѕурите“ за прв пат нема да бидат дел од еден Мундијал. На дуелот на „Сан Сиро“, четирикратниот светски првак требаше да надокнади негатива од 0:1, но Швеѓаните одлично се бранеа. 

По завршување на мечот, италијанските репрезентативци во неверување паднаа на теренот и тогаш започна вистинска национална спортска жалост. Медиумите беа кратки и јасни за тоа што значи овој неуспех за Италија. 

„Крај“ е насловната страна во „Газета дело Спорт“, а насловот на текстот е „Апокалипса“. Во весникот „Кориере дела Сера“ беа малку порезервирани „Без СП по пауза од 60 години“. Во „Либеро“ беше ставена слика од селекторот Вентура со наслов „Смрт на Сан Сиро“.

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал