ЛЕГЕНДАТА НА КАТАЛОНЦИТЕ ВО УЛОГА НА СКАУТ

Чави со совет до Барселона: Брзо купете го овој играч

Некогашниот „мозок“ во тимот на каталонскиот гигант вели дека има најдено играч кој многу потсетува на него

објавено: 13 август 2017 - 11:30

Легендата на Барселона, Чави Ернандес има порака до својот некогашен клуб. На „Камп Ноу“ да биде доведен Жан Мишел Сери. Тоа е играчот кого го нарекуваат „африканскиот Чави“, а моментно е играч на екипата на Ница, во Франција. 

Сепак, од Барселона најверојатно нема да го послушаат советот и сугестијата на Чави, бидејќи челниците на каталонскиот гигант се решија да го доведат Бразилецот Паулињо, кој играше во Кина. За Паулињо беа платени 40 милиони евра, сума за која можеа да го купат и Сери. 

„Кога ми рекоа дека играчот на Ница го викаат „африканскиот Чави“ решив да ја следам неговата игра. Не знаев ништо за него. Погледнав неколку меча на кои играше и тогаш се изненадив. Кратки, долги додавања, тактичка интелигенција, организација на играта, магично клучно додавање... Мајко мила, тој е одличен играч и може да игра во средниот ред на Барселона“, рече Чави. 

Најново во Меѓународен Фудбал