Нема промени на чело на Европската централа

Само Чеферин поднел кандидатура за претседател на УЕФА

Словенецот ќе биде реизбран на позицијата на 7 февруари следната година и ќе остане прв човек на европскиот фудбал до 2023 година.

објавено: 8 ноември 2018 - 15:15

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ќе биде единствениот кандидат на следните избори за прв човек на европската куќа на фудбалот. Тоа практично значи дека Словенецот ќе ја добие довербата на делегатите и ќе остане на чело на УЕФА до 2023 година.

Како што е наведено на официјалната веб страница на УЕФА, само Чеферин поднесол барање за учество на изборите што ќе се одржат на 43-от Конгрес на УЕФА на 7 февруари 2019 година во Рим.

Чеферин е прв човек на УЕФА од септември 2016 година, кога го замени Мишел Платини, кој беше вклучен во коруптивниот скандал, како шеф на организацијата.

Најново во Меѓународен Фудбал