МБАПЕ НА КРАЈОТ ЈА СПАСИ ФРАНЦИЈА (2-2)

Чудесниот Љорис, светските шампиони за малку „уловени“ од „рибарите“! (ФОТО+ВИДЕО)

Малку недостасуваше Исланд да приреди големо изненадување откако вечерва имаше 0:2 против актуелниот светски шампион Франција во пријателски натпревар одигран на стадионот во Генган.

објавено: 11 октомври 2018 - 23:11

Најпрвин во 30. минута поведоа популарните „рибари" преку фудбалерот на Астон Вила, Бјарнасон со еден убав удар во мрежата на Љорис. Уште поголем шок на домашните трибини се случи во 58. минута кога играчот на турскиот клуб Генчлербирлиги зголеми на 0:2.

-ИНТЕРЕСЕН БЕШЕ МОМЕНТОТ КОГА ПОГБА ПРИ НЕГАТИВА ОД 0:2 ВО 67. МИНУТА ГО НАПУШТИ ТЕРЕНОТ, А НА НЕГОВО МЕСТО НА ТЕРЕНОТ ВЛЕЗЕ НДОМБЕЛЕ-

Но, и без ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Французите во самиот финиш успеаја да го избегнат поразот.

Најпрвин намалија после автоголот на Ејолфсон во 86. минута од средбата, а Мбапе беше стрелец на вториот гол од пенал за голема радост на трибините.

Пријателски натпревари, резултати:

Хонг Конг-Тајланд 0:1
Кувајт-Либан 1:0
ОАЕ-Хондурас 1:1
Бахреин-Сирија 0:1
Аргентина-Ирак 4:0
Турција-Босна и Херцеговина 0:0
Велс-Шпанија 1:4
Франција-Исланд 2:2

Најново во Меѓународен Фудбал