ТРЕТА СРЕЌА ЗА СЕЛЕКТОРОТ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН, ДИДИЕ ДЕШАМ

Чудна ситуација во Франција, актери се Марсијал, Лаказет и Плеа!

Ретко се случува некој селектор во еден ден да се соочи со толку проблеми со повреди како што е тоа случај со Дидие Дешам.

објавено: 13 ноември 2018 - 14:25

Францускиот селектор беше принуден да менува во составот кој првобитно беше објавен за следните натпревар, но се случи една несекојдневна ситуација, бидејќи доби два неочекувани откази.

најдобриот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал дојде на собирот на „триколорите", но веднаш потоа се дозна дека е повреден и дека не може да игра. Дешам го повика Александр Лаказет кој секако го прифати повикот.

Но, само два часа подоцна дојде вест дека ниту Лаказет не може да игра, затоа што и тој е полесно повреден, па Дешам мораше да оди на алтернативата која никогаш досега не ја користел.

Повикан е Аласан Плеа, 25-годишниот напаѓач на Борусија Менхенгладбах. Тој за среќа нема повреда и со надеж дека ќе добие шанса како стартер.

Исто така, светските шампиони за наредните дуели не можат да сметаат на услугите на Пол Погба, Муса Сисоко, Бенџамин Менди...

Франција прво ќе игра во УЕФА Лигата на нации против Холандија во Ротердам на 16. ноември, а четири дена подоцна има пријателска средба со Уругвај на Стад д'Франс.

Најново во Меѓународен Фудбал