како малиот клуб стигна до големи височини

Чудно но вистинито: Барнли пред Арсенал, Ливерпул, Тотенхем и Лестер во борба за ЛШ

Синоќа, Барнли на свој терен со 1:0 го победи Стоук и на тој начин стигна до 31 бод по 17 одиграни средби

објавено: 13 декември 2017 - 09:20

Не мора секогаш да се фрлаат многу пари за да се биде конкурентен во Премиерлигата на Англија. Тоа оваа сезона го покажува тимот на Барнли. Малиот клуб се издигнува во фудбалските височини на земјата. Синоќа, во меч од Премиерлигата на Англија, Барнли пред своите навивачи, минимално со 1:0 го победи Стоук и на тој начин стигна до четвртото место на табелата. 

По 17 одиграни меча, Барнли има девет победи и 31 освоен бод помалку. Актуелниот првак Челзи е третопласиран со четири бода повеќе од Барнли, кој зад себе сега ги има оставено Арсенал, Ливерпул, Тотенхем и Лестер. 

Дуелот против стоук беше тврд и без многу шанси, како и што се очекуваше. До пред самиот финиш немаше погодоци, а кога се мислеше дека ќе заврши без голови, Ешли Барнс по едно двојно проигрување со Скот Арфилд, успеа да погоди и донесе триумф од 1:0. 

Последен пат кога Барнли се наоѓал толку високо на табелата е во март 1975 година, кога беше на третото место. Тимот на тренерот Шон Дајш има одлична одбрана и сезонава веќе одигра осум меча на кои не прими ниту еден гол. четвртото место во Англија, носи пласман и во Лигата на шампионите, па ќе биде вистинско чудо ако го видиме овој клуб во елитната лига на УЕФА за следната сезона.

 

Најново во Меѓународен Фудбал