СТРАШЕН СУДИР НА ИГРАЧ И ГОЛМАН

Чудо како забите му останаа на место (видео)

Играчот на Крузеиро со глава удри во лицето на голманот на Бока и му ја скрши вилицата

објавено: 21 септември 2018 - 10:36

Бока Јуниорс го победи Крузеиро со 2:0 во првиот меч од четвртфиналето на Копа Либертадорес, а мечот по лошо ќе го памти голманот на аргентинскиот тим Андрада. Во обид да расчисти топка тој се судри со противничкиот играч Деде. Всушност Бразилецот скокна да ја удри топката со глава и место топката го удри противничкиот голман.


Крв бликаше од лицето на Андрада, а лекарите констатираа дека се работи за пукната вилица. За среќа забите му се на место, но, сепак, несреќниот играч ќе мора на операција и потоа процес на рехабилитација. Му предвидуваат пауза од најмалку 40 дена.

Најново во Меѓународен Фудбал