ПАКО АЛКАСЕР ДВАПАТИ СЕ ЗАПИША ВО ЛИСТАТА НА СТРЕЛЦИТЕ

„Црвена фурија“ среде Кардиф: Шпанците пресилни за Велс! (ВИДЕО)

Вечерва во пријателски натпревар одигран на стадионот „Принсипалити" шпанската репрезентација доминираше и славеше против велшката селекција со конечен резултат 1:4.

објавено: 11 октомври 2018 - 22:40

Се беше одлучено уште во првото полувреме кога „црвената фурија" три пати ја затресе мрежата на велшкиот голман Хенеси.

Пако Алкасер двапати се запиша во листата на стрелците во осмата и 29. минута, а помеѓу тие два гола за 0:2 се погрижи Рамос.

Во второто полувреме за 0:4 се погрижи Бартра после асистенцијата на Коке, а поразот на домаќините го ублажи Вокс (89.)

Најново во Меѓународен Фудбал