Победа на „црвено-белите“ од 2:1

Црвена Звезда подобра од Партизан - Вечното дерби во сенка на инцидентите (Видео)

Црвена Звезда го доби вечното дерби против Партизан со 2:1, а мечот мина со серија инциденти во режија на навивачите на двата клуба

 

објавено: 14 април 2018 - 20:51

Црвена Звезда го доби вечното дерби против Партизан со 2:1, а мечот мина со серија инциденти во режија на навивачите на двата клуба.

„Црвено-белите“ водеа со 2:0, на крајот и стравуваа за победата, но пред се и за опасноста што доаѓаше од трибините. Мечот беше во прекин, откако симпатизерите на Црвена Звезда се обидоа да се префрлат на делот од трибината со партизанови навивачи. Летаа столчиња и во воздухот висеше опасен инцидент, но сепак ситуацијата се смири.

Црвена Звезда сега има 42 бода, девет повеќе од вечниот ривал.

 

 

A post shared by Sportske.net (@sportskenet) onApr 14, 2018 at 11:11am PDT

Најново во Меѓународен Фудбал