СУДБИНАТА СИ ПОИГРУВА НА МНОГУ СУРОВ НАЧИН

Да умрев денеска, ќе умрев среќен

Трагедијата на бразилските фудбалери кои загинаа во авионската несреќа, ќе биде запамтена како една од најстрашните во историјата

објавено: 29 ноември 2016 - 18:15

Пред само пет дена, фудбалерите на бразилскиот тим Шапекоенсе го славеа најголемиот успех во клупската историја, се пласираа во финалето на Суд Американа Купот. Песна и радост во соблекувалната откако се најдоа во борба за вториот по вредност трофеј, на клупско ниво, во Јужна Америка.

Тогаш најавија дека пред нив е „најважниот пат во нивниот живот“. Не ни биле свесни колку тие зборови ќе имаат огромна тежина. Наместо најважниот меч во нивните кариери и борба за значајниот трофеј, најголемиот дел од фудбалерите на трагичен начин го загубија животот.

„Да умрев денеска, ќе умрев среќен“, изјавил играчот Каја Жуниор по славјето за пласманот во финалето. Сега тој е меѓу оние 76 луѓе кои не го преживеаа падот на авионот.

Среќа да преживеат имаа само петмина. Меѓу нив е и играчот за врска Нето, кој бил пронајден жив под трупот на авионот. Сепак и неговата ситуација не е многу сјајна, бидејќи голманот Данило беше извлечен жив, но потоа почина во болница.

Вистинска среќа имал голманот Марсело Бек. Тој знаел дека нема да брани на дуелот во Колумбија и побарал од тренерот, воопшто да не патува, за да може да присуствува на роденденот на неговиот менаџер Антонио Араухо.  Едноставно имал среќна ѕвезда, што за жал повеќето играчи на немале.

Младиот напаѓач Тијагињо минатата недела дознал дека неговата сопруга е бремена со нивното прво дете. прославениот кондиционен тренер Пауло Паишано кој беше еден од најзаслужните за подготвеноста на бразилските играчи на Мундијалот во 2002 година, кога станаа светски прваци, остана без својот втор син. 

Првиот му почина од срцев удар и тоа на денот кога Паишано се радуваше на мундијалскиот трофеј. Синот од возбуда кога го видел татко му со трофејот, добил срцев удар. Вториот негов син решил да стане кондиционен тренер и бил дел од тимот на Шапокоенсе кога се натпреварувал уште во третата лига. Андерсон Паишано имал две деца. Едниот син има 11 години, додека другиот денес полни девет години.

Осуммината играчи кои неотпатувале со своите соиграчи едноставно не можеа да веруваат што се случило и немо седеа во соблекувалната каде пред само неколку дена славеа за фудбалските успеси.  

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал