ШТО ЗНАЧИ ДА СЕ ДАДЕ ПРВИОТ ПОГОДОК НА МУНДИЈАЛИТЕ

Да видиш, да не веруваш: Панамските фанови во транс по голот против Англија (Видео)

Англија со 6:1 го победи дебитантот, но тоа не беше причина да се расипе задоволството за првиот постигнат гол на СП на Панама

објавено: 24 јуни 2018 - 19:33

Панама е еден од двете дебитантски селекции на Мундијалот во Русија. По првото коло Панама загуби со 3:0 од Белгија, а сега уште поубедливо беше поразена и прими шест гола од Англија. Сепак, на овој меч, за Панама имаше еден историски момент. 

Тие го дадоа првиот гол во историјата на Светските првенства. Балој погоди во 78 минута и намали на 6:1, а тој момент предизвика еуфорија во Панама, каде на отворено се следеше мечот. Погледнете ја радоста на навивачите на Панама.

Најново во Меѓународен Фудбал