НЕ ЗНАЕШЕ НА КОГО ПОПРВО ДА МУ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ

Даде два гола и од возбуда призна дека има љубовница (Видео)

Играчот од Јужна Африка се покаа зажали што беше избран за најдобар играч на мечот

објавено: 19 март 2017 - 19:33

Мохамед Анас беше прогласен за најдобар играч во ремито на неговиот тим Фри Стрејт Старса против Ајакс Кејп Таун (2:2). Тој ги даде два гола за Фри Стрејт, а по мечот направи невиден гаф. Додека даваше изјава за мечот, Анас од возбуда реши да ги поздрави и жена му, но и девојка му.

На тој начин, самиот случајно призна дека има љубовница. Потоа се обиде да се извади, но тешко дека ќе може да ја објасни ситуацијата пред жена му.

„Прво сакам да се заблагодарам на навивачите. Потоа на мојата жена, на мојата девојка... Извините, на мојата жена. Те сакам со целото срце“, збунувачки изјави Анас.

 

Најново во Меѓународен Фудбал