НАЧИНОТ НА КОЈ ГИ СЛАВЕА ГОЛОВИТЕ, МОЖЕ СКАПО ДА ГИ ЧИНИ

Дали многу „летаа“? Шаќири и Џака може да бидат казнети на два меча

Поради мешање на политика во спортот, ФИФА може драстично да ги казни швајцарските репрезентативци

објавено: 24 јуни 2018 - 20:45

Швајцарија ја доби битката против Србија на терен и славеше со 2:1, со головите на Гранит Џака и Џердан Шаќири. Двајцата стрелци за Швајцарија, кои имаат потекло од Косово, славеа со знакот „двоглав орел“ кој е синбол на албанското знаме. 

Поради ваквиот начин на славје и провокација, Србите поднесоа приговор до ФИФА, а сега се чека одлуката на Светската фудбалска куќа. Веќе долги години, ФИФА најстрого забранува мешање на политиката во спортот, а според многумина Џака и Шаќири го направија токму тоа. 

Има постапка против двајцата швајцарски репрезентативци, кои се соочуваат со суспензија од два меча. Тоа значи дека тие не би биле во тимот на Швајцарија за дуелот од третото коло, па и за во осминафиналето, доколку успее селекцијата да се пласира во нокаут фазата. 

Во последното коло од оваа група ќе играат Швајцарија - Костарика и Србија - Бразил. 

Најново во Меѓународен Фудбал