ПОСЛЕ ПЛАСМАНОТ ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА СП

ДАЛИ СЕ СОГЛАСУВАТЕ: „Доаѓа ли дома“ после 52 години во Англија?

Шведскиот селектор после елиминацијата рече дека Англичаните се доволно добри да го освојат Мундијалот во Русија.

објавено: 8 јули 2018 - 10:00

Фудбалската репрезентација на оваа земја со победата над Шведска (2:0) во четвртфиналето обезбеди пласман помеѓу најдобрите четири на СП и така уште повеќе се зголемија апетитите кај избраниците на селекторот Саутгејт.

После поразот селекторот на шведските фудбалери Јане Андерсон верува дека „Гордиот Албион" може до самиот крај на шампионатот.

„Да, дефинитивно верувам дека Англија е доволно добра да го освои Светското првенство. Навистина се силни, добро организирани и секоја им чест. Имаат многу добри фудбалери и способни да одат до крај", вели Андерсон.

За пласман во големото финале Англичаните ќе играат против селекцијата на Хрватска која на пенали со 4:3 го елиминираше домаќинот Русија.

Да потсетиме, последен пат Англија ја има почувствувано светската титула, нивна единствена пред 52 години, поточно на Мундијалот во 1966. година.

Навивачите веќе чувствуваат дека таа (се смета на титулата) доаѓа дома „It's coming home". Дали се согласувате со нив?

Најново во Меѓународен Фудбал