УЕФА ВЕЛИ ДЕКА НЕМАЛО СОМНИТЕЛНИ УПЛАТИ НА СПАРТАК-РАДНИЧКИ

Дали судијата што го досуди најсмешниот пенал, за џабе заврши во притвор?

Српскиот арбитар Срѓан Обрадовиќ два пати покажа на белата точка за домаќините, а плус исклучи и еден играч на гостите

објавено: 17 мај 2018 - 08:30

Европската фудбалска федерација (УЕФА) нема сознанија дека мечот меѓу Спартак Суботица и Раднички Ниш бил наместен. Главниот судија на тој меч, Срѓан Обрадовиќ досуди два пенали за домаќините, кои победија со 2:0, во меч на кој гостите останаа и со играч помалку поради црвен картон. 

Еден од двата пенали беше посебно впечатлив, а многумина го нарекоа и најсмешен пенал во историјата. Поради основани сомненија дека судијата Обрадовиќ учествувал во „режирање“ на резултатот, српската полиција најпрво го повика на распит, а потоа и му одреди 30-дневен притвор. 

Сепак, можно е Обрадовиќ за џабе да завршил во притвор, бидејќи специјализираниот тим на УЕФА кој се занимава со спречување на наместени мечеви, нема никакви сигнали дека имало зголемен број на уплати на дуелот Спартак - Раднички.  

 

Најново во Меѓународен Фудбал