ПОЧНА „ЛОВОТ“ ПО ХРВАТСКИОТ СТРАТЕГ

Далиќ на маса веќе има понуди: Четири земји го сакаат на „кормилото“ на своите репрезентации

И додека во хрватска јавност и натаму трае неизвесноста околу Златко Далиќ, на адресата на селекторот на „коцкестите“ четири земји испратиле понуда. 

објавено: 22 јули 2018 - 13:00

Златко Далиќ и неговите избраници на завршеното Светско првенство во Русија пишаа историја. Предводникот на „коцкестите“ е еден од најзаслужните за победничката атмосфера која владееше во таборот на хрватскиот национален тим, како минува времето, Далиќ открива дека минал низ „сито и решето“ за да стигне до сребрениот медал.

И додека во неговата земја и натаму трае неизвесноста околу неговото останување на селекторското место, на адресата на Далиќ веќе стигнале четири репрезентативни понуди. Јапонија, Иран, Египет и Узбекистан се четири земји кои посакуваат на кормилото на своите најдобри национални тимови да го имаат човекот кој не само што ја обедини Хрватска, туку и целиот регион.

Она што е добро познато е дека по неверојатниот дочек, Хрватот му вети на својот народ дека ќе ја преиспита одлуката околу заминувањето од селекторското место. 

Најново во Меѓународен Фудбал