ХРВАТСКА ПИША ИСТОРИЈА

Далиќ: Овие момци не се нормални! Не застануваме тука, ќе бидеме светски прваци

Златко Далиќ го оствари најголемиот успех на Хрватска во историјата на фудбалот, обезбеди пласман во финалето на Светското првенство. 

објавено: 11 јули 2018 - 23:01

Златко Далиќ го оствари најголемиот успех на Хрватска во историјата на фудбалот, обезбеди пласман во финалето на Светското првенство. Неговите момци одиграа храбро против Англија, иако по првото полувреме губеа со 1-0, сепак тоа не ги спречи да го остварат големиот сон - пласман во битката за трофејот. Во продолжението со голот на Маџукиќ направија целосен пресврт и на крајот сосема заслужено се радуваа. 

„Морам да им честитам на момците и морам да кажам дека не се нормални. Ова е фантазија, како трчаа, како се бореа. Ова е за историја“, изјави по мечот Далиќ, кој додаде:

„Им благодарам на навивачите. Се уште го немаме кажано последниот збор, остана уште финалето, не мислиме да застанеме. Ќе бидеме светски прваци“.

 

Најново во Меѓународен Фудбал