ШПАНЕЦОТ СТАНА ПРВ ИГРАЧ ШТО Е ИСКЛУЧЕН НА ВАКОВ НАЧИН

Давид Вилја влезе во историја на фудбалот (Видео)

Некогашниот голгетер на „црвената фурија“ доби црвен картон откако судијата ја прегледа видео снимката 

објавено: 20 февруари 2017 - 21:57

Во американската фудбалска лига (МЛС) е испишана нова страница во историјата во фудбалот. За прв пат еден фудбалер е исклучен по преглед на видео снимка. 

На мечот меѓу Њујорк и Хјустон, исклучен е Давид Вилја. При изведување на еден клорнер, прославениот Шпанец, го удри противничкиот играв во лицето. Судијата не го примети тој потег, но откако виде дека играчот се жали на повреда, реши да ја искористи видео снимката. 

На повторената снимка, арбитарот го забележа ударот на Вилја и затоа му додели директен црвен картон. Вилја кој е познат по многуте значајни погодоци кои ги има дадено во кариерата, овојпат неговото име неславно ќе биде запишано во фудбалската историја. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал