ЛЕГЕНДАТА НА РОМА ОТКРИ ЗОШТО ОДБИ ЗА ВЛЕЗЕ ВО ИГРА

Де Роси здиве: Ни треба гол, а Инсиње е на клупата

Дефанзивниот играч премногу се налути на тоа како селекторот Вентура го водеше тимот на мечот против Шведска

објавено: 14 ноември 2017 - 08:29

Италијанската фудбаслка репрезентација доживеа дебакл, откако не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија. „Аѕурите“ за прв пат по 60 години нема да бидат дел од планетарниот собир. Италија синоќа беше елиминирана во двомечот против Шведска, откако на реваншот во Милано, на „Сан Сиро“ одигра без голови. Првиот меч во Шведска заврши со победа на домаќините од 1:0. 

Во текот на второто полувреме, селекторот на Италија, Џанпјетро Вентура сакаше во игра да го внесе Даниеле де Роси, но овој одби да се најде на теренот. Легендарниот играч на Рома објасни дека не сакал да влезе во игра, бидејќи на клупата за резерви имало играчи кои би биле многу покорисни од него, ако влезеа во игра. 

„Зошто да влезем по ѓаволите? Ни треба победа, а не нерешено“, беше реакцијата на Де Роси кога одби да влезе на теренот.

„Му кажав дека ни е потребен гол и затоа треба да влезе уште еден напаѓач, а не јас. Инсиње беше на клупата. Жалам ако мојата реакција вознемири некого, но во тој момент бев сигурен дека Инсиње би бил многу покорисен да влезе на теренот, отколку јас. Тој речиси на секој меч дава гол за Наполи", објасни Де Роси.

И покрај тоа што, Де Роси инсистираше на теренот да се најде Инсиње, селекторот Вентура реши во игра да го внесе Федерико Бернадерски. Дефанзивниот играч за врска на Рома, објасни дека се повлекува од националниот тим и дека ова е неславен крај. Тој одигра 117 меча во дресот на „аѕурите“.

„Атмосферата во соблекувалната беше траорна. Ова е мрачен момент за целиот италијански фудбал. Имаме талентирани играчи и знам дека повторно ќе се вратиме на победнички патеки“, заврши Де Роси.

Најново во Меѓународен Фудбал