ДАЛИ ЕЛМАС НАСКОРО ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ ТРЕНЕР ВО ФЕНЕРБАХЧЕ!?

Дебаклот на „Максимир“ ќе му донесе отказ на Филип Коку!?

Холандскиот тренер би можел да го напушти турскиот клуб само неколку месеци откако седна на клупата, пренесуваат тамошните медиуми.

објавено: 21 септември 2018 - 11:02

Филип Коку ова лето дојде во Истанбул од ПСВ Ајндховен, но од стартот на сезоната не бележи добри резултати.

Не успеа Фенербахче да се пласира во групите од Лигата на шампионите, после пет кола во турскиот шампионат го има моментно дури 11. место на табелата, а на стартот од групната фаза во Лига Европа вчера на „Максимир" доживеа голем пораз од Динамо Загреб (4:1).

Турските медиуми истакнуваат дека токму овој меч би можел да биде пресуден за челниците на Фенер да го отпуштат Коку.

Се шпекулира дека последна шанса за холандскиот стратег да остане на клупата ќе биде евентуална победа во претстојното дерби против Бешикташ.

Најново во Меѓународен Фудбал