РЕТКО ИМА ВАКВИ НАВИВАЧИ, ИМ ГО ОСВЕТЛИЈА ПАТОТ СО ФАКЕЛИ

„Делиите“ приредија неверојатен дочек на Звезда по враќање од подготовките (Фото)

Фудбалерите на Звезда во доцна синоќа се вратија од Анталија, а на патот од аеродромот „Никола Тесла“ до стадионот „Рајко Митиќ“ имаа сјаен дочек од нивните најверни навивачи

објавено: 8 февруари 2018 - 08:25

Фудбалерите на Звезда во доцна синоќа се вратија од Анталија, а на патот од аеродромот „Никола Тесла" до стадионот „Рајко Митиќ" имаа сјаен дочек од нивните најверни навивачи. Популарните „Делии“ беа распоредени на клучните места на автопатот и со запалени факели ги пречекаа своите миленици. 

Освен продолжување на борбата за титулата во домашното првенство, Звезда сега ја очекува еден голем европредизвик. Во шеснаесетфиналето од Лигата на Европа играат против рскито гигант ЦСКА Москва.

Првично овој меч требаше да се игра без публика, но УЕФА ја прифати жалбата на челниците на Звезда и дозволија дуелот во Белград да се игра со публика, што значи дека „црвено-белите“ ќе имаат феноменална поддршка. „Делиите“ се познати како едни од најдобрите навивачи на овие простори, а тоа го докажаа со синоќешниот дочек на играчите од двенеделните подготовки.

Најново во Меѓународен Фудбал