кога е белградското дерби, нередите се загарантирани

„Делиите“ со хрватска песна ги поздравија „Гробари“ (Видео)

Овојпат немаше хулигани од Хрватска, но затоа по завршување на мечот, на стадионот „Рајко Митиќ“, грмна песната „Далматинац сам“

објавено: 15 април 2018 - 08:05

Црвена Звезда победи со 2:0 против Партизан во вечното дерби на Србија, кое повторно го одбележаа навивачите на трибините. Стандардниот декор од знамиња, факели, но и тепачки не изостана ниту синоќа на стадионот „Рајко Митиќ“.

За разлика од претходното дерби, овојпат немаше хулигани од Хрватска, но затоа навивачите на Звезда, популарните „Делии“ решија да ги поздрават своите ривали од Партизан, со хрватската песна „Далматинац сам“, провоцирајќи ги за тоа што на нивната трибина на претходното дерби нередите ги направија токму хулигани од Сплит. 

Најново во Меѓународен Фудбал