БУСКЕТС ВРЕДИ ВИСТИНСКО ЗЛАТО

Делува како да го нема на теренот, а статистиката покажува дека Барселона не може без него

Барселона имаше 73 отсто посед на топката, а вистински комендант на средината на теренот е токму Серхио

објавено: 21 февруари 2018 - 14:25

Барселона одигра 1:1 против Челзи, а сите зборат за тоа дека Лионел Меси повторно е спасителот на каталонците и за неверојатно дефанзивната стратегија на Челзи. Статистиката покажува дека Барселона имала 73 отсто посед на топката.

Што се однесува до додавањата, односот е 887 за гостите, наспроти 325 додавања на Челзи. Ваквата доминација кај додавањата е благодарение на еден човек од Барселона, а тоа не е Меси. Серхио Бускетс е вистинскиот командант на средината на теренот за каталонците. 

Познат како голем работник за кого нема загубена топка, коректор на грешките на офанзивците, Бускетс одигра речиси перфектен дуел против Челзи. Шпанскиот репрезентативец го сруши сезонскиот рекорд на Барселона по бројот на додавања на еден играч. 

Бускетс имаше 139 додавања од кои дури 128 беа успешни, што е неверојатен процент од 92 отсто успешност. „Опта“ направи приказ за тоа каде се Бускетс трчал и имал контакт со топката. Кога ќе се види покриеноста на теренот од страна на Бускетс, ќе стане јасно што значи овој играч во играта на Барселона. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал