ОВА ГО ИМА САМО ВО БРАЗИЛ

„Дербито на мирот“ не го дочека крајот, имаше тепачка и девет црвени картони (Видео)

Дуелот меѓу Виторија и Бахија беше прекинат на девет минути пред крајот, откако домаќини останаа само со шест играчи на теренот

објавено: 19 февруари 2018 - 10:10

Бразилците го имаат „дербито на мирот“ каде традиционално играат регионалните ривали Виторија и Бахија. Популарниот „Ба-Ви“ дуел има за задача да го промовира фер-плејот во фудбалот, без разлика на големиот ривалитет како на теренот, така и на трибините. 

Сепак замислата е едно, а реалноста на теренот на покажа како нешто сосема друго. „Дербито на мирот“ беше прекинато на девет минути пред крајот, откако домаќините останаа само со шестмина играчи на теренот. Дури петмина домаќни фудбалери добија црвени картони, а на спротивната страна, гостите имаа четворица исклучени. 

Правилата на ФИФА велат дека еден тим не може да продолжи да игра, доколку на теренот нема барем седум играчи, па судијата ја прекина средбата. Според правилата Бахија службено ќе го добие мечот со 3:0, иако до 81 минута беше 1:1. 

Клучен момент за тензиите се случи на почетокот на второто полувреме, кога гостите погодија од пенал за 1:1. По реализација на пеналот, играчот на Бахија провокативно реши да прослави пред домаќните навивачи, а тоа ги налути играчите на Виторија. 

Настана општа тепачка на теренот, а судијата исклучи тројца домашни играчи и четворица гостински. Виторија имаше играч повеќе, но наместо да ја искористи таа предност, нервозата кај домаќините преовлада, па добија уште два црвени картони и на крајот останаа само со шестмина во поле, што е недозволено и мечот беше прекинат. 

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал