ФАНОВИТЕ МУ ОДДАДОА ПОСЛЕДНА ПОЧИТ НА МЕЧОТ ПРОТИВ С. БЕЛУПО

Детали за убиството на навивачот на „Торцида“

Иван Мате Блажевиќ беше убиен во кафуле, откако бил избоден со нож

објавено: 13 август 2017 - 08:30

Несреќниот навивач на Хајдук, Иван Мате Блажевиќ, вчера беше погребан и тоа во кругот на семејството. Дури два часа подоцна навивачката група „Торцида“ му оддаде последна почит на својот пријател. 

Иван Мате Блажевиќ загина на 23 години. Беше убиен со нож, од една година постаро момче, кое уште е во бекство. Инцидентот се случил во едно кафуле, каде дожло до расправија. Според една од верзиите, убиецот отишол до дома за да го земе ножот, со кој подоцна бил убиен Блажевиќ. 

Полицијата не само што не може да го најде убиецот, туку нема ни трага од ножот. Се претпоставува дека убиецот малку фалело да убие уште едно момче, кое успеало да се оттргне и да избега, па само бил пресечен, но без посриозни повреди. 

Иван Мате Блажевиќ вчера замина во вечноста, а останува неодговорено прашањето зошто се случила тепачката која на крајот имала смртсни последици. Убиецот кој уште е во бекство најдобро ги знае мотивите за нападот.

Најново во Меѓународен Фудбал