крвав напад на француските хулигани

Девојче погодено со факел, двајца редари завршија во болница (Видео)

На гостувањето во Билбао, против Атлетик, хулиганите на Олимпик Марсеј правеа проблеми во текот на целото нивно присуство во шпанскиот град

објавено: 16 март 2018 - 08:00

Олимпик Марсеј со 2:1 славеше против Атлетик Билбао на гости и го потврди пласманот во следната фаза од Лигата на Европа. Францускиот тим имаше поддршка од навивачите кои дојдоа на ова гостување, но освен навивањето, тие ја покажаа и црната страна од спортот. 

Во текот на речиси целиот нивни престој во Билбао, француските хулигани дивееја. Најпрво се степаа со дел од редарите, а двајца завршија во болница, но за среќа без посериозни повреди.

Откако влегоа на стадионот, хулиганите на Марсеј започнаа да фрлаат запалени факели кон домашната публика, при што беше повредено едно малолетно девојче.

Најново во Меѓународен Фудбал