АРГЕНТИНЕЦОТ ОД ПСЖ МНОГУ ДОБРО ЗНАЕ ШТО ГИ ЧЕКА

Ди Марија: Во Реал се преобразуваат кога ќе ја слушнат химната од ЛШ

Некогашниот играч на „кралскиот клуб“, верува дека може да се радува против мадриѓани

објавено: 13 февруари 2018 - 13:00

Некогашниот играч на Реал Мадрид, Анхел ди Марија многу добро знае што значи Лигата на шампиони за „кралскиот клуб". Аргентинскиот репрезентативец беше дел од тимот од „Сантијаго Бернабеу“ од 2010 до 2014 година и се радуваше на една титула во елитното европско натпреварување.

„Реал секогаш е важен фактор во овој турнир, без разлика на неговиот пласман во шпанското првенство. Штом фудбалерите на Реал Мадрид ја слушнат химната од Лигата на шампионите, тие се преобразуваат. Секако дека и ние сме посебно мотивирани за овој дуел. Сега сме подобри од минатата сезона, но мора да се има и среќа, бидејќи невозможно е да се постигне нешто големо без да се има среќа“, рече Ди Марија.  

Најново во Меѓународен Фудбал