БЕШЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА ПРОТИВНИЧКИТЕ ГОЛМАНИ

Дидие Дрогба реши дека е доста

Еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 20 години сака да се посвети на тренерската работа

објавено: 14 март 2018 - 12:20

Легендарниот напаѓач на Челзи, Дидие Дрогба, официјално реши дека е доста од активното играње фудбал. Последните мечеви од профи кариерата, Дрогба ги игра во дресот на Феникс Рисинг, во една од пониските лиги во САД. 

Големиот Дрогба веќе има 40 години и по повеќе од две децении ги стави „копачките на клин“. Кариерата на Дрогба започна во ле Ман во Франција, а потоа играше за Генгамп и Олимпик Марсеј. Врвот на кариерата го постигна во дресот на Челзи, каде настапуваше во периодот од 2004 до 2012 година. 

репрезентативецот на Брегот на слоновата коска одигра 381 меч за тимот од „Стемфорд Бриџ“ и даде 164 погодоци, а имаше и 86 голови. Освои четири титули во Премиерлигата, четири ФА Купа, како и Лигата на шампиони во 2012 година. Токму неговиот гол во 88 минута во финалето во Минхен против Баерн беше доволен за продолжувања, а потоа Дрогба го даде и решавачкиот пенал. 

По Челзи, замина во Монтреал каде даде 21 гол за една сезон, а сега во дресот на Феникс има девет погодоци во 14 средби. Интересно е тоа што Дрогба е газда на тој тим, што е прв случај сопственикот на клубот, да игра и на теренот. 

„Ми се допаѓа новата улога. Опкружен сум со многу млади играчи и уживам да им го пренесувам моето искуство. Едно знам, ова е моја последна сезона. Веќе имам 40 години и време е да се пензионирам“, рече Дрогба. 

Најново во Меѓународен Фудбал