УШТЕ ВО ПРВАТА МИНУТА ШОКИРАНИ „КРАЛЕВИТЕ“ ВО ТАЛИН

Диего Коста со најбрзиот гол во историјата на УЕФА Суперкупот!! (ВИДЕО)

Точно 49 секунди му требаше на Атлетико Мадрид да поведе во финалето на Суперкупот на Европа.

објавено: 15 август 2018 - 21:48

За најбрзиот гол во историјата на ова УЕФА натпреварување се погрижи Диего Коста. Најпрвин долга топка уфрли Годин, а потоа Шпанецот маестрално го исфрли од игра Серхио Рамос, потоа Рафаел Варан и со еден фантастичен и силен удар ја затресе мрежата на Кејлор Навас.

После првото полувреме на дуелот во Талин, резултатот е 1:1, избраниците на Лопетеги израмнија преку Бензема во 27. мин. после асистенцијата на Бејл.

Реал Мадрид го брани трофејот од минатата година во Скопје кога трииумфираше со 2:1 тогаш над Манчестер Јунајтед.

Преубав потег на еден фудбалски мајстор, погледнете и уживајте во ремек-делото на шпанскиот интернационалец во редовите на „јорганџиите":

Најново во Меѓународен Фудбал