КАПИТЕНОТ НА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА ФОКУСИРАН САМО НА ФУДБАЛОТ

„Драга, нема секс додека не помине мечот“

Холанѓанецот Мичел Доналд вели дека главна задача сега му е да го одведат тимот во групната фаза од Лигата на Европа

објавено: 22 август 2017 - 16:08

Црвена Звезда ќе брка еден гол негатива на реваншот против Краснодар, откако на гостувањето кај овој противник загуби со 2:3, во плејоф фазата за пласман во Лигата на Европа. Капитенот на „црвено-белите“, Мичел Доналд вели дека целосно е фокусиран на дуелот кој в четврток ќе се игра во Белград. Тој вели дека дури ќе апстинира и од секс, се додека не помине утрешниот дуел.

„Разговарав со сопругата и реков дека нема да зборувам за ништо друго освен за мечот со Краснодар. Нема ни секс до тогаш. Кога ќе заврши средбата, повторно ќе бидам најдобриот сопруг во светот“, открива Доналд, кој додава дека верува во успех на српскиот тим.

На Звезда ќе и биде доволно и минимална победа од 1:0 за да продолжи во групната фаза од Лигата на Европа.  

Најново во Меѓународен Фудбал