НЕМИЛИ СЦЕНИ ВО ЛИСАБОН

ДРАМА НА ТРЕНИНГОТ НА СПОРТИНГ: Ристовски и соиграчите нападнати од вооружени хулигани!

Нашиот репрезентативец, за среќа минал без последици во овој напад, но повреди заработил неговиот соиграч Бас Дост

објавено: 15 мај 2018 - 23:00

Хаос во Лисабон на тренингот на Спортинг и тоа непосредно пред финалниот натпревар од Купот на Португалија. Педестина навивачи хулигани на овој тим, вооружени со палки ги нападнале играчите и раководството на тимот и тоа сред тренинг. 

На тренингот беше присутен и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, а најлошо мина неговиот соиграч Бас Дост кој што има повреда на главата. Исто така од нападот повредени биле и помошниците тренери Марио Монтеиро и Раул Жозе. 

Нападот е осуден од раководството на клубот, како и од целата португалска Лига. 

Овој атак доаѓа по поразот на Спортинг од Маритимо во последното коло од португалскиот шампионат, и загубата на местото во квалификациите од Лигата на шампионите. Очигледно фановите биле незадоволни од тоа што нема да го гледаат нивниот омилен тим во европската „елита“ идната сезона, па сакале да испратат сериозна порака. 

Полицијата го расчистува овој случај, и трага по сторителите на ова дело. За среќа нема жртви, иако ситуацијата била многу драматична. Останува да се види како ќе влијае ова врз играчите на Спортинг кои што во недела го играат финалниот меч против екипата на Авеш.

Најново во Меѓународен Фудбал