ОД ДЕНЕСКА ЗАПОЧНУВА ТРЕТОТО КОЛО ВО ГРУПНАТА ФАЗА НА СП

Дури сега ќе има многу плачење, радости, драми и тензии

Попладнево Русија и Уругвај ќе играат во борба за првото место, а вечерва Португалија и Шпанија ќе бараат виза за осминафиналето

објавено: 25 јуни 2018 - 08:30

Светското првенство во Русија влезе во втората половина, откако се комплетираа двете кола во сите осум групи. Интересно е што во досегашниот дел од Мундијалот, само шест селекции си обезбедија место во нокаут фазата, а за останатите 10 слободни места ќе се борат дури и многу од оние кои беа со предзнак фаворити пред почетокот на турнирот.

Русија, Уругвај, Франција, Хрватска, Англија и Белгија може да бидат помирни во пресрет на третото коло од групната фаза, бидејќи се сигурни во осминафиналето. Затоа пак, селекции како што се Шпанија, Португалија, Аргентина, Бразил и Германија, ќе стравуваат до последната минута од оваа фаза. 

Први на сцена се репрезентациите од А групата. Попладнево, домаќинот Русија и некогашниот двократен светски првак Уругвај во меѓусебен дуел ќе се борат за првото место во групата. Ако во А групата е порелаксирано, тогаш вечерва од 20 часот ќе биде вистинска војна на теренот. 

Шпанија игра против Мароко кој нема шанса, додека Португалија и Иран во меѓусебна борба ќе решаваат за место во осминафиналето. 

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

Група А (16 Ч.): Саудиска Арабија - Египет, Уругвај - Русија.

Група Б (20 Ч.): Иран - Португалија, Шпанија - Мароко.

Најново во Меѓународен Фудбал