„Бомбардерот“ на БиХ влезе во историјата

Џеко е меѓу 10-те најдобри репрезентативни голгетери во Европа

32-годишниот Џеко сега има 55 постигнати гола во дресот на Босна и Херцеговина во 97 одиграни натпревари.

објавено: 17 октомври 2018 - 09:10

Голгетерот на италијанска Рома, Един Џеко, со двата гола на вчерашниот меч од Лигата на нации против селекцијата на Северна Ирска влезе во ТОП 10 листата на најдобри стрелци во европските репрезентативни тимови низ историјата.

32-годишниот Џеко сега има 55 постигнати гола во дресот на Босна и Херцеговина во 97 одиграни натпревари. Тоа го смести во листата на десетте најдобри голгетери во националните тимови низ историјата. Тој сега се израмни по бројот на голови со Роберт Левандовски од селекцијата на Полска и со некогашниот чешки репрезентативец, Јан Колер.

Инаку, историската листа ја предводи Кристијано Роналдо кој во дресот на португалската репрезентација има постигнато 85 гола. Зад него е легендарниот унгарски голгетер Ференц Пушкаш со 84 гола, па трет е Шандор Кочиш, исто така еден од легендите на унгарскиот фудбал, со 75 гола

ТОП 10 ЕВРОПСКИ ГОЛГЕТЕРИ
1) Кристијано Роналдо - 85 гола
2) Ференц Пушкаш (Унгарија) - 84
3) Шандор Кочиш (Унгарија) - 75
4) Мирослав Клосе (Германија) - 71
5) Герд Милер (Германија) - 68
6) Роби Кин (Р. Ирска) - 68
7) Златан Ибрахимовиќ (Шведск) - 62
8) Имре Шлосер (Унгарија), Давид Виља (Шпанија) - 59
10) Јан Колер (Чешка), Един Џеко (БиХ), Роберт Левандовски (Полска) - 55

Најново во Меѓународен Фудбал