НАПАЃАЧОТ НА РОМА ВЕЛИ ДЕКА БАРСА ИМАЛА ПОМОШ ОД АРБИТРИТЕ

Џеко: Имаше пенал врз мене, на судијата му беше страв да го досуди

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина го даде единствениот гол за Рома, но верува дека римјани можеа да се радуваат барем уште еднаш

објавено: 5 април 2018 - 09:05

Играчите на Рома синоќа дадоа повеќе голови од фудбалерите на Барселона, но сепак на крајот гостите од Рим си заминаа со убедлив пораз од 4:1. Тоа е така бидејќи „волчицата“ си даде два автоголови, додека единствниот погодок во вистинската мрежа го постигна Един Џеко. Босанскиот репрезентативец намали на 1:3, но брзо потоа Барселона даде и четврти погодок. 

Според Џеко, Рома заслужила да даде и втор погодок, но судијата е виновен за тоа, бидејќи не досудил пенал. 

„Од првата минута се обидовме со наш стил на игра, да притиснеме високо. Знаеме дека Барселона е подобар тим од нас, но ѓално е што си заминуваме од „Камп Ноу“ со ваков резултат. Со сигурност тврдам дека над мене имаше фаул и пенал, но судијата требаше да има малку повеќе храброст за да го досуди. Ние до тука стигнавме сосема заслужено и затоа сосема заслужено требаше да има и пенал за нас. Да останеше 3:1 ќе беше друго во реваншот, но со толку грешки кои ги направивме, ќе биде многу тешко да ја елиминираме Барселона“, рече Џеко по синоќениот меч. 

Најново во Меѓународен Фудбал