еден гол, ама вреден поминување во следната фаза

Џеко ја одведе Рома во четвртфиналето од ЛШ

„Римската волчица“ со 1:0 славеше над Шахтјор и продолжува меѓу најдобрите осум во Европа

објавено: 13 март 2018 - 22:43

Рома е дел од четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако на „Олимпико“ со 1:0 го победи Шахтјор. По двата меча на овие екипи, резултатот е 2:2, но калчолигашот оди понатаму, благодарение на голот даден на гости (првиот меч заврши 2:1 за украинците).

Един Џеко е херојот на „римската волчица“. Босанскиот напаѓач го даде единствениот гол во Рим, за голема радост на домашните навивачи. Џеко погоди во 52 минута, а до крајот на средбата, домаќините успеаа да го задржат резултатот кој ги води понатаму. 

Гостите во 79 минута останаа и со играч помалку по црвениот картон штпо го доби Ордетс и беше уште појасно дека Шахтјор нема да даде гол. Италијанската дефанзива уште еднаш се покажа како одлична, кога е најпотребно.

 

Најново во Меѓународен Фудбал