ЛЕГЕНДАТА НА ЛИВЕРПУЛ Е ВООДУШЕВЕН ОД ЕГИПЃАНЕЦОТ

Џерард: Салах е подобар и од Меси и од Роналдо

„Меси и Роналдо со години играат одлично, статистиката им е врвна но оваа година е година на Салах. Тој е најдобар фудбалер во светот“, рече Џерард

објавено: 25 април 2018 - 15:00

Легендарниот капитен на Ливерпул, Стивен Џерард е воодушевен од играта на Мохамед Салах сезонава. Египѓанецот го предводи Ливерпул кон финалето на Лигата на шампионите, откако синоќа против неговиот поранешен тим Рома даде два гола, а имаше и една асистенција. 

„Без никаква дилема Мо Салах моментно е најдобар фудбалер во светот. Нема никој над него. Тешко е да го споредуваме со Меси или Роналдо бидејќи тие со години играат одлично, статистиката им е врвна. Секоја година имаат многу голови и асистенции, но ако гледаме во овој момент, во оваа секунда, за мене Салах е најдобар фудбалер во светот“, рече воодушевениот Џерард. 

Многумина сметаат дека токму Салах треба да биде играчот кој ја заслужува дури и „Златната топка“ за оваа година со што би завршила доминацијата на Меси и Роналдо, кои во последните девет години си ја „делат“ наградата.

Најново во Меѓународен Фудбал