Турскиот гигант ќе биде уште посилен

Џулијано е новата ѕвезда што свети во Фенер

Бразилскиот ас Џулијано Виктор де Паула е новата фудбалска ѕвезда што ќе свети во Фенер, турскиот гигант, кој му е противник на нашиот Вардар во плејофот за настап во Европа Лигата

објавено: 12 август 2017 - 16:20

Бразилскиот ас Џулијано Виктор де Паула е новата фудбалска ѕвезда што ќе свети во Фенер, турскиот гигант, кој му е противник на нашиот Вардар во плејофот за настап во Европа Лигата.

Џулијано, ланската сезона играше за Зенит, настапи на 30 натпревари и постигна 8 гола за тимот од Санкт Петербург. Бразилецот веројатно нема да игра на двомечот со Вардар, што е добро за македонскиот првак. Двомечот почнува на 17. август во Скопје, а кој ќе игра во фазата по групи ќе се знае по реваншот во Истанбул на 24. август.

Најново во Меѓународен Фудбал