ТАЖЕН КРАЈ НА ЕДНА ДОБРА КАРИЕРА

Еден од најдобрите албански фудбалери замина во пензија

Лорик Цана објави дека поради проблеми со срцето мора да стави крај на играчката кариера

објавено: 12 октомври 2017 - 10:50

Со емотивна порака, еден од најдобрите албански фудбалери, Лорик Цана објави дека става крај на кариерата. Цана мораше да ги стави „копачките на клин“, поради проблеми со срцето.

„Секој спортист знае дека овој ден мора да дојде, но никогаш не сте доволни подготвени за тоа. Пред 15-16 месеци го одиграв последниот меч за Албанија, а тоа беше на Европското првенство. Едноставно фудбалот стана премногу ризичен за мене“, рече 34-годишниот фудбалер кој во последните неколку месеци се надеваше дека ќе се врати на теренот. 

Цана беше капитен на албанската репрезентација, која минатата година дебитираше на Европското првенство. Во кариерата има играно за ПСЖ, Марсеј, Сандерленд, Галатасарај, Лацио и Нант. 

„Пред и по ЕП во Франција одев на тестови и резултатите беа очајни. страдам од вирус кој е поврзан со миокард, Имав тешка грозница и големо црвенило. секој три месеци одев на лекар, но се тоа беше залудно. Нема веќе враќање на теренот за мене“, заврши Цана. 

Најново во Меѓународен Фудбал