Тренерот на Барса на чело

Енрике најплатен тренер на планетата, за Зидан е „деветката“

Луис Енрике е најплатен тренер на планетата со заработка од еден милион и 560 илјади евра бруто месечна плата, а интересно е што Зинедин Зидан, кормиларот на европскиот и светски шампион Реал Мадрид е на деветтата позиција со 4 пати помала плата

објавено: 25 декември 2016 - 12:15

Луис Енрике е најплатен тренер на планетата со заработка од еден милион и 560 илјади евра бруто месечна плата, а интересно е што Зинедин Зидан, кормиларот на европскиот и светски шампион Реал Мадрид е на деветтата позиција со 4 пати помала плата.

Втор на листата е Пеп Гвардиола од Манчестер сити со 1,48 милиони евра, потоа е Жозе Мурињо со 1.36 милиони евра, а следат Карло Анчелоти со еден милион, Арсен Венгер со 820 илјади, Диего Симеоне со 770 илјади, Јирген Клоп со 692 илјади, Антонио Конте со 641 илјади, Зидан со 449 илјади и Унаи Емери со 429 илјади евра.  

Најново во Меѓународен Фудбал