ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈУБАВИТЕ ФУДБАЛСКИ ПАРТНЕРКИ

ЕП ќе биде дефиле на сексапил: Фудбалерите имаат девојки и сопруги од кои застанува здивот! (ФОТО)

Фудбалерите ќе бидат во центарот на вниманието на Европското фудбалско првенство кое на 10 јуни почнува во Франција, меѓутоа многу погледи ќе привлечат и нивните сопруги. Во оваа атрактивна збирка се најубавите девојки и жени на фудбалерите кои ќе играат на ЕП.

објавено: 30 мај 2016 - 20:12

1. Андријани Мајкл - во мај Џек Вилшир ја побара за жена. Таа е студентка по маркетинг во Барселона.

2. Александра Иварсдотир - девојка на Гилфи Сигурдсон од Исланд. Таа е мис на Исланд од 2008 година

3. Ана Ивановиќ - една од најславните меѓу партнерките. Девојката на Бастијан Швајнштајгер е една од најубавите тенисерки што некогаш излегле на терен.

4. Ана Левандовска - сопруга на Роберт Левандовски. Таа е полска карате репрезентативка.

5. Ени Килнер - девојка на Кајл Вокер, која работи како модел.

6. Ан-Катрин Бромел - девојка на Марио Геце, која работи како модел за долна облека.

7. Ребека Варди - сопруга на Џејми Варди.

8. Даниела Семан - сопруга на Сеск Фабрегас, која е 13 години повозрасна од него. Таа е либански модел, која има претходен брак со милионер, од кој има две деца.

9. Едурне Гарсија - девојка на Давид Де Хеа, која е шпанска пеачка и ТВ-водителка.

10. Ема Рис-Џоунс - соученичка и детска љубов на Герет Бејл, а сега негова сопруга и мајка на две ќерки.

11. Франческа Кормани - италијанска дизајнерка, девојка на Матео Дармијан

12. Хејзел Осаливен - девојка на Андрос Таунсенд од англиската репрезентација, која се прославила на шоуто „Големиот брат“.

13. Хеленa Сегер - сопруга на Златан Ибрахимовиќ, 11 години постара од него. Поранешна актерка, актуелен модел и бизнисмен.

14. Клодин Кин - сопруга на Роби Кин, поранешна учесничка на мис на Ирска и актуелен модел.

15. Лудивин Кадри Сања - сопруга на Бакари Сања.

16. Марина Лученко - од неодамна сопруга на Војчех Шчесни, која работи како модел.

17. Мишел Лакроа - девојка на Кевин Де Брајне.

18. Монтана Јорк - девојка на Андре Ширле.

19. Ноеми Апар - таа е мис на Белгија од 2013 година и девојка на Јаник Караско.

20. Пилар Рубио - девојката на Серхио Рамос е шпанска новинарка и ТВ-водителка.

21. Поли Парсонс - девојка на Томас Вермален, која е англиска ТВ-водителка во детски емисии.

22. Радка Кочурова - сопруга на Томаш Росицки.

23. Ракел Маури - девојка на Иван Ракитиќ. Се запознале кога таа била келнерка во хотелот во кој престојувал Хрватот, кога дошол да потпише за Севилја.

24. Шакира - најславната во ова друштво. Колумбиската пеака е мегаѕвезда, девојка на Жерард Пике и мајка на неговиот син Милан.

25. Сара Карбонеро - сопруга на Икер Касилјас, која работи како спортска новинарка и тв-репортерка.

26. Саманта Кук - девојка на Крис Смолинг, која е една од најпознатите модели од магазините во Британија.

27. Викторија Варга - унгарски модел, девојка на Грацијано Пеле.

Најново во Меѓународен Фудбал