ОТКАКО СЕ ДОЗНАА ФИНАЛИСТИТЕ НА СП

Епа, сигурно Мажиќ нема да го суди финалето!?

ФИФА во петок официјално ќе ги објави имињата на судиите за последните два натпревари на Мундијалот во Русија.

објавено: 11 јули 2018 - 23:22

Иако досега го најавуваа како најголем кандидат да го суди финалето, сега е тоа тешко остварливо, со оглед на тоа што Хрватска ќе игра за светската титула против Франција.

Ако Англичаните триумфираа на „Лужњики", тогаш дефинитивно битката за тронот ќе му беше доделена на српскиот судија Милорад Мажиќ.

Мажиќ најверојатно би требало да ја дели правдата за третото место в сабота помеѓу Англија и Белгија, меч кој што ќе се игра во Ст. Петерсбург.

Сега кандидати за главен судија на финалето (недела, 15. јули) помеѓу Франција и Хрватска на стадионот „Лужњики“ се Алиреза Фагани (Иран), Маланг Џиџу (Сенегал), Нестор Питана (Аргентина), Сандро Ричи (Бразил), Марк Гајгер (САД), Џанлука Роки (Италија)...

Најново во Меѓународен Фудбал