ОТКАКО ЦЕЛ СВЕТ ПОЧНА ДА МУ СЕ СМЕЕ НА ГЕРМАНЕЦОТ

Германците се изнервираа, бараат извинување од УЕФА поради Лев

Челниците на Фудбалската федерација на Германија официјално побараа извинување од УЕФА за објавените снимки со Јоаким Лев за време на натпреварот со Украина.

објавено: 14 јуни 2016 - 20:45

Селекторот беше фатен како ја пика раката во гаќите, а потоа си ги мириса прстите и тоа видео предизвика масовен сеир во цел свет. Германците се незадоволни од тоа што една камера била поставена специјално за Лев и сметаат дека работата на камерманите е да ја следат играта, а не однесувањето на резервната клупа.

Од УЕФА засега нема официјална реакција на барањето на Германците, но Лев и вчера беше фатен како на тренинг го прави истото.

Најново во [Спортмедиа]