ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ДЕБИТАНТОТ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРВЕНСТВА

Велс сака позитивно да ја памети Франција, но - од еден „змеј“ ќе зависи сѐ!

Репрезентацијата на Велс е вториот дебитант кој ќе истрча на терен на Европското првенство (ЕП) кое од 10 јуни до 10 јули се игра во Франција.

објавено: 11 јуни 2016 - 17:07

Велшаните испишаа историја во квалификациите, па така, сѐ што ќе се случи во Франција за тимот на Крис Колмен ќе биде само едно позитивно и ново искуство. На патот до Европското првенство „змејовите“ претрпеа само еден пораз, од Босна и Херцеговина, а квалитетот го потврдија на дуелот против Белгија на која ѝ го нанесоа единствениот квалификациски пораз.

ИСТОРИЈА

По првпат во својата историја Велс ќе игра на Европско првенство. Најблиску до пласман беа во 1976 година, кога Југославија ги спречи во четвртфиналето од квалфикациите. Според тоа, што и да направат во Франција, ќе испишат историја.

За Велс, репрезентација која го одигра првиот меч во историајта во 1876 година ова е прв пласман на големо натпреварување уште од 1958 година кога настапија на Светското првенство. Најголемиот проблем на тимот е неисксутвото и краткиот играчки квалитет, но сепак, добар старт на ЕП би можело да промени многу работи.

На ФИФА-листата Велс е на 26 место. Највисоко „змејовите“ котираа во октомври, 2015 година кога се најдоа на осмото место, додека најлошиот пласман е во август, 2011 година кога беа на ниското 117 место. Каква преродба за само пет години! Од троцифрен ранк, до Европско првенство!

СЕЛЕКТОРИ

По трагичната смрт на Гери Спид, Крис Колман доживеа катастрофален старт на селекторската функција со пет порази во низа. Размислуваше за оставка, но Фудбалскиот сојуз на Велс веруваше во него. По петте порази конечно стигна победа над Шкотска, а сега стана првиот селектор кој го однесе Велс на еден голем собир.

За разлика од квалификацсикиот циклус за СП, репрезентацијата на Велс ја промени својата игра. Одлично функционира во нападот, има и добра одбрана (четири примени гола на 10 меча). Главно „оружје“ им се брзите контри предводени од Герет Бејл, но и Арон Ремзи, фудбалер на Арсенал. Исклучително цврста одбрана, агресивен среден ред - тоа е „магичната“ формула на Колман.

СТАТИСТИКА

Главна ѕвезда на тимот е Герет Бејл кој постигна седум од вкупно 11 гола на Велс и сигурно од неговата игра ќе зависи многу настапот на репрезентацијата на ЕП во Франција. Ако продолжи во ист ритам, тогаш на репрезентацијата не ѝ „бега" втората фаза! Од 2006 година Бејл има 55 настапи за Велс и има постигнато 19 гола. На врвот на листата е Иан Раш со 28 гола на 73 настапи, а од ТОП-10 стрелците - активен е само Бејл.

Во првото коло Велс игра против Словачка, а потоа следат натпревари со островскиот ривал Англија и Русија.

ИГРАЧКИ РОСТЕР

ГОЛМАНИ: Вејн Хенеси (Кристал Палас), Дени Вард (Ливерпул), Овејн Фон Вилијамс (Инвернес).

ОДБРАНА: Крис Гунтер (Ридин), Џејмс Честер (ВБА), Ешли Вилијамс, Нил Тејлор (Свонси), Бен Дејвис (Тотенхем), Џејмс Колинс (Вест Хем), Ешли Ричардс (Фулам).

СРЕДЕН РЕД: Џо Ален (Ливерпул), Џо Ледли, Џони Вилијамс (Кристал Палас), Арон Ремзи (Арсенал), Енди Кинг (Лестер), Дејвид Едвардс (Вулверхемптон), Дејвид Вауган (Нотингем Форест), Џорџ Вилијамс (Фулам).

НАПАД: Герет Бејл (Реал Мадрид), Хал Робсон-Кану (Ридинг), Сем Вокес (Барнли), Симон Чарч (Нотингем Форест), Дејвид Котерил (Бирмингем)


КОЕФИЦИЕНТ ЗА ТИТУЛА:
80,00


НАТПРЕВАРИ НА ЕП

11. јуни - Велс - Словачка (18ч)
16. јуни - Англија - Велс (15ч)
20. јуни - Русија - Велс (21ч) 

Најново во [Спортмедиа]